РЕД БУЛ РЕЈСИНГ

ЛОКАЦИЈА МИЛТОН КИНС, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
ТИМСКИ ШЕФ КРИСТИЈАН ХОРНЕР
ТЕХНИЧКИ ШЕФ АДРИЈАН ЊУИ
АГРЕГАТНА ЕДИНИЦА ТАГ ХОЈЕР
ПРВО УЧЕСТВО 1997
ШАМПИОНСКИ ТИТУЛИ 4
ПОБЕДИ 55
ПОЛ ПОЗИЦИИ 58
НАЈБРЗИ КРУГОВИ 54

Ред Бул веќе подолг период беше спонзор во Формула 1 тркањето, пред формално да влезат во спортот како фабричка екипа преку превземањето на Јагуар во 2004 година. Значителниот успех кој следеше во наредната декада е неверојатен. Првиот подиум го обезбедија во 2006 …

ПРОФИЛ

Ред Бул веќе подолг период беше спонзор во Формула 1 тркањето, пред формално да влезат во спортот како фабричка екипа преку превземањето на Јагуар во 2004 година. Значителниот успех кој следеше во наредната декада е неверојатен. Првиот подиум го обезбедија во 2006 година благодарејќи на Дејвид Култхард, но во 2009 тимот навистина го почна својот подем, со шест победи и пласман на втората позиција помеѓу конструкторите. Во наредните четири сезони тие беа репер за победа, освојувајќи двојни круни помеѓу 2010 и 2013 година, а Себастијан Ветел стана најмладиот четирикратен шампион во Формула 1.

2017

Неможејќи да ја постигнат формата на шампионите Мерцедес и повратникот Ферари, тие паднаа на трето место во пласманот, а слабата издржливост на Рено не помогна во ситуацијата. Сепак, Даниел Рикардо и Макс Верстапен го докажаа својот квалитет преку три победи помеѓу двајцата.

2016

Комбинацијата од супериорниот РБ12 и значително подобрениот агрегат на Рено му овозможи на тимот да стане единствен конкурент на Мерцедес за победи. По една победа за Рикардо и Верстапен, кој пак ги остави критичарите без зборови со победа во своето деби за тимот во Барселона.

2015

Супериорниот финиш од 2014 година набргу беше заборавен, бидејќи Ред Бул се најдоа во ситуација да се справуваат со драстични проблеми со агрегатот на Рено. Даниел Рикардо и тогашниот колега, Даниил Квјат, успеаа да стигнат до само три подиуми, а екипата заврши на четврто место во пласманот, нивен најлош резултат од 2008 година.

RED BULL RB14

РБ14, придвижуван од Таг Хојер брендиран агрегат на Рено, возен од Макс Верстапен и Даниел Рикардо во нареднава сезона, е болидот со кој Милтон Кинс се надева дека ќе се врати во борба за титула.

Тие немаат сериозен напад кон титулата од 2013 година, последна од четири годишната доминација, но од тој момент заедно со Ферари се обидуваат да го предизвикаат Мерцедес.

Страдајќи од бавни стартови, тимот за 2018 година се одлучи да го променат нормалниот протокол, користејќи ги деновите за снимање како минимален тест во Силверстон, цела недела пред предсезонските тестови.

  • МЕРЦЕДЕС АМГ ПЕТРОНАС
    БРЕКЛИ, В. БРИТАНИЈА
  • СКУДЕРИЈА ФЕРАРИ
    МАРАНЕЛО, ИТАЛИЈА
  • РЕД БУЛ РЕЈСИНГ
    МИЛТОН КИНС, В. БРИТАНИЈА
  • ФОРС ИНДИЈА
    СИЛВЕРСТОН, В. БРИТАНИЈА
  • ВИЛИЈАМС МАРТИНИ РЕЈСИНГ
    ГРОУВ, В. БРИТАНИЈА
  • МЕКЛАРЕН
    ВОКИНГ, В. БРИТАНИЈА
  • СКУДЕРИЈА ТОРО РОСО
    ФАЕНЗА, ИТАЛИЈА
  • ХААС Ф1
    КАНАПОЛИС, С. КАРОЛИНА, САД
  • РЕНО СПОРТ Ф1
    ЕНСТОУН, В. БРИТАНИЈА
  • ЗАУБЕР
    ХИНВИЛ, ШВАЈЦАРИЈА