МЕРЦЕДЕС

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Оживувањето на нивната Формула 1 традиција преку основањето на фабричка екипа за првенството во 2010 година, се покажа како вистинска платформа за Мерцедес да се искачи во генералниот пласман. Тимот веќе создаде голема возбуда преку ангажирање на сензационалниот Михаел Шумахер, но најголемото внимание дојде од патеката: три подиуми во деби сезоната, сите преку Нико Розберг, кој пак потоа стигна до пол позиција и победа во Кина во 2012 година. Следната сезона негов тимски колега стана Луис , обајцата започнаа епска борба за титула, а Мерцедес започна да ја испишува доминацијата во новата модерна ера на Ф1.

2017

Бранејќи се од конкурентите за титула, Ферари, нивниот болид W08, за што и тие самите признаа, се однесуваше како “дива“. Откако Нико Розберг си замина, Хамилтон одлично се смести во неговата улога како де факто, возач број 1, водејќи ја екипата до четвртта последователна титула, додека новиот тимски колега, Валтери , стигна до 3 победи.

2016

Супериорноста на Мерцедес се искачи на ново ниво. Тие победија на 19 од 21 трка во походот кон трета шампионска титула. Овојпат, Розберг беше тој кој ја освои титулата во конкуренција на по титанска битка во текот на целата сезона со Луис Хамилтон. Набргу потоа, тој одлучи да се пензионира, со што го шокираше Формула 1 светот.

2015

Хамилтон го предводеше Мерцедес до втора последователна титула во конкуренција на конструктори и возачи, тимот повторно доминантен со 16 победи од 19 трки, овојпат подобрувајќи го својот рекорд од 12 победи во една сезона.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

  • Екипа: Мерцедес АМГ Петронас
  • База: Брекли, Велика Британија
  • Прво Учество: 1970
  • Гранд При Победи: 77
  • Титули: 5
  • Пол Позиции: 92
  • Тимски Шеф: Тото Волф
  • Технички Шеф: Џејмс Алисон

MERCEDES-AMG F1 W09 EQ Power+

Според мислењето на моменталниот светски шампион, новиот болид на Мерцедес е еволуција од болидот кој победи на 12 трки и освои 15 пол позиции во 2017 година, кој пак воедно му овозможи да ја освои четвртата последователна титула за Сребрените Стрели.

Болидот од 2017 година беше наречен “дива“ поради неможноста на тимот да го предвиди однесувањето на патеката, но според техничкиот директор, Џејмс Алисон, новиот болид би требало да биде поедноставен за справување.

Најголемиот предизвик за тимот на Мерцедес било подобрување на издржливоста поради предизвикот од тркање со само 3 дозволени и 2 ЕРС системи. Тоа е зголемување од 40% над можностите на овие елементи од болидот. Мерцедес сметаат дека успешно ја зголемиле издржливоста без притоа да изгубат од перформансите.

#МЕРЦЕДЕС ВЕСТИ

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ...

ЛУИС ХАМИЛТОН

Дознај Повеќе

ВАЛТЕРИ БОТАС

Дознај Повеќе

СЛЕДИ ГИ МЕРЦЕДЕС