МЕКЛАРЕН

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Од влегувањето во спортот во 1966 година под водството на основачот Брус Мекларен, успехот на екипата не е ништо помалку од неверојатен. Пет декади исполнети со безбројни победи, пол позиции и подиуми, а да не заборавиме и на осумте шампионски титули во конкуренција на конструктори. Дополнително, некои од најуспешните во спортот го создадоа своето име токму во оваа екипа, вклучувајќи ги Емерсон Фитипалди, Аиртон Сена, Мика Хакинен и Луис Хамилтон.

2017

Трета разочарувачка сезона во партнерството со Хонда се покажа како последна сламка и доведе до промена кон Рено за 2018 година. Само 30 поени освоени од Фернандо и Стофел , иако тимот имаше одлична шасија, што пак му помогна на Алонсо да стигне до најбрз круг во трката за Голема Награда на Унгарија.

2016

Втора сезона од партнерството со Хонда со неколку подобрувања, иако тимот е сеуште далеку од освојување на подиум. Пласман на шесто место во поредокот, а најголемиот дел од поените ги освои Фернандо Алонсо. Фернандо пропушти една трка поради повреда, што пак доведе до топ 10 финиш за Стофел Вандорн, кој пак го замени Џенсон Батон за 2017 година.

2015

Ново-обновеното партнерство на Мекларен и Хонда во моменталната генерација на наиде на големи пречки што пак резултираше до ужасни резултати, иако болидите беа возени од претходни шампиони, Џенсон Батон и Фернандо Алонсо. Обајцата освоија само 27 поени, а екипата заврши на деветто место во пласманот.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

  • Екипа: Мекларен Ф1
  • База: Вокинг, Велика Британија
  • Прво Учество: 1966
  • Гранд При Победи: 182
  • Титули: 8
  • Пол Позиции: 155
  • Тимски Шеф: Зек Браун
  • Технички Шеф: Мет Морис

MCL-33

Мекларен се враќаат на корените иако само во однос на фантастичната боја на шасијата на болидот на 2018 година, МЦЛ33 со кој во Вокинг се надеваат да се вратат на победничките патеки.

МЦЛ33 е прв болид во историјата на екипата кој ќе биде придвижуван од мотор на францускиот Рено. Сепак, бојата на шасијата веднаш привлекува внимание, папаја портокаловата е боја со која екипата за прв пат се тркаше во Формула 1 серијата пред 50 години.

Инженерската филозофија на болидот не се разликува од неговиот претходник, а подобрувањата се направени врз основа на прибраните податоци од минатата сезона. Најголем дел од времето инженерите посветиле на оптимизација на пакетот за новиот мотор на Рено и секако инкорпорирањето на хало системот за заштита на кокпитот.

#МЕКЛАРЕН ВЕСТИ

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ...

ФЕРНАНДО АЛОНСО

Дознај Повеќе

СТОФЕЛ ВАНДОРН

Дознај Повеќе

СЛЕДИ ГИ МЕКЛАРЕН