ЗАУБЕР

КРАТКА БИОГРАФИЈА

По успехот во првенството на спортски автомобили, кадешто се калеа талентите на Михаел Шумахер и Хајнц-Халард Френцен, Питер Заубер го започна учеството во Формула 1 првенството во 1993 година. Швајцарската екипа од тој момент се изгради себеси како постојан учесник на гридот, победувајќи при краткото партнерство со БМВ и развија репутација не само на конкурентен конструктор, туку и можност за развој на млади .

2017

По тешка кампања, завршија со само 5 освоени поени. Сепак, со пристигнувањето на Фредерик Васур во средина на сезоната, како и спонзорскиот договор со Алфа Ромео, дополнето со договорот со младиот возач на Ферари, Шарл Леклер, тие поставија силни темели за иднината.

2016

Недостатокот на финансиски средства во првиот дел од сезоната значеше ограничен развој, оставајќи го тимот да заостане во формата. Работите се подобрија во вториот дел, по пристигнувањето на нови сопственици, а Фелипе Наср ги освои единствените 2 поена на претпоследната трка во Бразил, со што екипата заврши на деветто место, пред Манор.

2015

Успеаја да завршат на осмото место во пласманот со драстично подобрениот Ц34. Дебитантот Фелипе Наср се докажа себеси, а партнерството со Маркус резултираше во 19 освоени поени за екипата.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

  • Екипа: Алфа Ромео Заубер Ф1 Тим
  • База: Хинвил, Швајцарија
  • Прво Учество: 1993
  • Гранд При Победи: 1
  • Титули: 0
  • Пол Позиции: 1
  • Тимски Шеф: Фредерик Васур
  • Технички Шеф: Симоне Реста

SAUBER C37

Ребрендираниот Алфа Ромео Заубер Формула 1 тим го откри својот Ц37 болид за 2018 година. Во текот на минатата сезона швајцарската екипа потврди партнерство со Групацијата Фиат Крајслер по што легендарната Алфа Ромео стана нивни главен спонзор и технички партнер.

Екипата ја напушти својата првенствено сина боја на шасијата и во иднина ќе гледано бело црвено обоен болид, исто како што беше и при промоцијата на новото партнерство во Милано во Декември.

Тимот во 2016 година беше превземен од страна на шведски инвеститори, но перформансите не се подобрија и лани тие завршија на последно место во поредокот, за прв пат во нивната историја. За оваа сезона Заубер објави дека склучиле спонзорски договори и со Ричард Мил, Кларо, Каппа и Карера.

#ЗАУБЕР ВЕСТИ

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ...

ШАРЛ ЛЕКЛЕР

Дознај Повеќе

МАРКУС ЕРИКСОН

Дознај Повеќе

СЛЕДИ ГИ ЗАУБЕР