ВИЛИЈАМС

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Придвижуван од брилијантноста и страста на Сер Френк Вилијамс, Вилијамс порасна од скромни почетоци во Формула 1 екипа за репер, непредизвикана од сите, со исклучок на Ферари и Мекларен. Во последните четири декади, тимот стигна до многубројни победи и титули, а во процесот го негуваше некои од најголемите таленти во спортот, во кокпитот и надвор од истиот.

2017

Враќањето на Пади Лоув како технички шеф беше касно за да има влијание над развојот на ФВ40, болид кој освои само 83 поени во возачките раце на Фелипе Маса и дебитантот Ленс Строл. Изненадувачкиот подиум за Строл во Азербејџан е нивниот единствен топ 5 финиш во 2017 година.

2016

Падот во поредокот за Вилијамс продолжи и понатаму, неуспевајќи да го постигнат нивото на развој како конкурентите, тимот падна на петто место во пласманот позади Форс Индија. Валтери Ботас го освои единствениот подиум во Канада, додека Фелипе Маса емотивно си замина, за на крајот на сезоната повторно да се врати како колега на дебитантот Ленс Строл.

2015

Вилијамс ја зацврстија својата позиција како трета најдобра екипа во Формула 1, но нивниот напредок заостана позади Сребрените Стрели и беше надминат од Ферари. Ботас и Маса стигнаа до два подиуми засебно, а ФВ37 изгледаше импресивно на брзите патеки.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

  • Екипа: Вилијамс Мартини Рејсинг
  • База: Гроув, Велика Британија
  • Прво Учество: 1978
  • Гранд При Победи: 114
  • Титули: 9
  • Пол Позиции: 129
  • Тимски Шеф: Френк Вилијамс
  • Технички Шеф: Пади Лоув

WILLIAMS FW41

Ова е прв болид чиј дизајн беше целосно надгледуван од Техничкиот директор Пади Лоув, откако тој стана дел од екипата на почетокот на минатата година. Болидот се разликува од својот претходник, иако елеганцијата е нивни заеднички заштитен знак.

Главниот аеродинамичар, Дирк Де Беер, главниот дизајнер Ед Вуд заедно со Пади Лоув се чини дека најголем акцент ставиле на аеродинамиката која се разликува од ланскиот болид.

#ВИЛИЈАМС ВЕСТИ

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ...

СЕРГЕЈ

Дознај Повеќе

ЛЕНС СТРОЛ

Дознај Повеќе

СЛЕДИ ГИ ВИЛИЈАМС