Формула 1 со официјална инспекција на Асен

331

Официјални лица на Формула 1 ќе ја посетат патеката Асен во следните неколку недели, што следува по серија на разговори околу одржување на Холандско Гранд При на истата.

Ли ван Дам, извршен директор на Холандското Гранд При кој е задолжен за организација на трката, се сретна со шефовите на Либерти минатиот викенд во Хокенхајм и дискутираа околу развојот на настаните за одржување на трката.

Имавме добар состанок. Беше многу позитивно. За две до три недели тие ќе пристигнат во Асен и ќе направат инспекција на патеката – истакна ван Дам.

Официјалната посета на ФОМ ќе се содржи од инспекција на патеката, како и на објектите, а истата се случува откако директорот за трки, Чарли Вајтинг, го даде своето одобрени во име на ФИА на почетокот на годинава. Според Вајтинг, со само неколку минимални модификации, патеката ќе биде доволно добра да биде домаќин на Формула 1 трка.

Вајтинг ја посети патеката во име на ФИА и сега ФОМ ќе дојде во посета за да одлучи дали Асен може да одржи трка во Формула 1. Набргу ќе го испратат својот технички персонал, кои ќе ја разгледаат целата патека и објекти.

Немаме никаква сигурност, но доколку имаше проблем, тие немаше воопшто да дојдат. Исто така можеа да ни кажат дека не се заинтересирани, но тоа не беше случајот.

Сега се надевам на исполнување на следните чекори. Се надевам се ќе биде добро. Имаме добро чувство. Тие веќе испратија неколку луѓе во Асен за да ја разгледаат патеката. Имаа многу позитивно мислење – изјави ван Дам.

Организаторите се надеваат дека првата трка ќе се одржи во 2020 или 2021 година. Последното Холандско Гранд При се одржа во 1985 година во Зандворт. На трката победи Ники Лауда, додека Алан Прост и Аиртон Сена завршија на второто, односно третото место.


Формула 1 со официјална инспекција на Асен

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>