Просечната возраст на Формула 1 возачите наредната сезона ќе биде 26 години и 3 месеци што е најнизок просек откако започна модената ера во шампионатот.

Ленс Строл беше последниот потврден возач за новоименуваниот тим Рејсинг Поинт чиј сопственик е неговиот татко.

Не само што наредната сезона ќе има најмлад грид туку и најмногу изместувања кај возачите во последните години. Шест возачи сменија тим и тоа Ленс Строл од Вилијамс во Рејсинг Поинт, Шарл Леклер од Заубер во Ферари, Карлос Саинз од Рено во Мекларен, Даниел Рикардо од Ред Бул во Рено и Кими Раиконен кој е најстар на гридот се враќа во Заубер по престојот во Ферари.

На гридот доаѓаат и нови јуниори и тоа Ландо Норис, второпласираниот од Формула 2 серијата во Мекларен, Џорџ Расел, првакот во Формула 2 во Вилијамс и Александер Албон, третопласираниот од Формула 2 серијата оди во Торо Росо. На гридот ќе ви ги видиме и повратниците Антонио Џовинаци кои годинава беше резервист, во Заубер, Даниил Квјат, кој по сезона мината како тест возач на Ферари се враќа во Торо Росо и Роберт Кубица кои се враќа на трка за Вилијамс, откако беше нивни трети возач сезонава.

Во 1950 година просечната возраст на возачите била 52 години, додека една декада подоцна таа се намалува на 33 години за во последните години таа полека да опаѓа.

Во 1997 просекот бил 27 и неколку месеци, оваа година 26 години и 7 месеци а наредната уште помалку.

Ландо Норис со 19 години ќе биде најмлад на гридот, Ленс Строл е една година псотар од него, додека Шарл Леклер и Макс Верстапен имаат по 21. Најстар ќе биде Кими Раиконен со 39 години, а зад него Луис Хамилтон и Роберт Кубица со 33.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.