Извршниот директор за моторспорт при Формула 1, Рос Браун, тврди дека падот на Мекларен и Вилијамс во последните неколку сезони покажува дека спортот нема воопшто милост кон успешните тимови од минатото и смета дека двете екипи страдале поради постојаните кадровски промени.

Мекларен и Вилијамс се две од трите најуспешни екипи во Формула 1 во однос на шампионски титули, но ниту една од тие титули не се случила во последните 20 години, а овие екипи страдаат од растот на Мерцедес и Ред Бул.

Браун смета дека недостатокот на успех докажува дека спортот може да биде немилосрден доколку нешто не функционира “зад сцената“.

Тие се одлични екипи со одлична историја, но за жал Формула 1 не покажува голема почит на историјата. Таа почитува само што се случува на патеката.

Ние како Формула 1 многу сакаме тие тимови да се вратат на конкурентни позиции бидејќи се одлични екипи со одлични брендови. Но, Формула 1 нема милост.

Ако не вршите првокласна работа, тоа се покажува секоја Недела или секоја втора Недела. Тие го имаат капацитетот да се вратат на конкурентно место, но нема да биде лесно.

Мерцедес сеуште ги има истите вработени кога јас бев таму во 2007 година (кога беше екипа на Хонда), а тоа е повеќе од 10 години од постојаност.

Тоа е толку важно. Вилијамс и Мекларен, тие поминаа низ промени и секогаш е потребно време за нештата да го најдат својот тек – вели Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.