Заубер се преименува во Алфа Ромео Рејсинг што де факто е враќање на славниот италијански бренд со сопствен тим во врвот на моторспортот.

Фабричка екипа Алфа Ромео

Екипата своето деби го имаше со дебито на Формула 1 во светот, односно во Силверстон во 1950 година, а последен пат тимот на гридот се појави во Австралија во 1985 година. Најдобар пласман кај конструкторите им е 6то место во 1983 година, додека нивни двајца возачи, Џузепе Фарина и Хуан Мануел Фанџо ги освоија првите две првенства во 1950 година односно 1951 година.

За 9те сезони минати во Формула 1 екипата има 110 стартови на трка, 11 модели на шасии и 19 возачи кои возеле за тимот. Резултатски гледано, Алфа Ромео има 10 победи, 12 пол позиции, 14 најбрзи кругови, 26 подиуми и 4 еден-два триумфи на трка. Оваа статистика има носи 50 поени, 701 круг во водство од вкупно 9.164 кругови на трка.

Најсупешен болид на тимот е Алфа Ромео 183Т со кои го освоија 3то место кај конструкторите во 1983 година со Андреа де Чезарис и Мауро Балди, благодарение на двете втори места на де Чезарис во Јжна Африка и Германија. Сите победи на тимот се во 1950 година и 1951 година.

Најмногу трки за тимот, 49 на број имаше Бруно Џакомели, Андреа де Чезарис и Рикардо Патрезе по 32 пати возеле за тимот, а 31 настап имал Еди Чивер. Фарина и Фанџо се најуспешни возачи на екипата. Патрезе и Чивер беа последни возачи за екипата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.