14
КРАТКА БИОГРАФИЈА
Фернандо Алонсо Диаз е роден на 29 Јули 1981 година во Овиедо, Астурија, Шпанија. Со картинг почнал кога имал 3 години, бил првак на Шпанија од 1994 до 1997 година, а во 1996 година и Светски картинг првак. Потоа минува по една година во Еуро Опен серијата на Нисан и Формула 3000.
Со Формула 1 започнува во 2001 година во тимот на Минарди, пред да потпише за Рено каде остана 5 години и освои 2 титули (2005 и 2006 година). 2007 година ги менува клубските бои и вози за Мекларен, пред експресно да се врати назад во Рено каде останува 2 години.
Од 2010 до 2014 година вози за Ферари со кои на 3 наврати успева да ја освои вице-шампионската позиција во пласманот, а на почетокот на минатата година повторно се враќа во Мекларен.
Има настапено на 293 трки и забележано 97 подиуми, 32 победи, 22 пол позиции, 23 најбрз круг и 2 шампионски титули. Годинава ќе ја одработи првата година од продолжението со Мекларен откако лани ја одработи последната од тригодишниот договор.
