СЕРХИО ПЕРЕЗ

ПРОФИЛ

Серхио Перез Мендоза е роден на 26 Јануари 1990 година во Гвадалахара, Јалиско, Мексико, а меѓу своите е познат едноставно како “Чеко“. Со картинг почна во 1996 година и експресно почна да ниже победи.

Со 15 години почна во Формула БМВ, следуваше А1 серијата и Формула 3, за да во 2010 година стане вице првак во ГП2, зад Пастор Малдонадо. Заубер беше негова прва екипа во Формула 1, кај нив остана 2 години и забележа 3 подиуми. Следната 2013 година имаше очајна сезона со слабиот и бавен Мекларен, за да во 2014 година стане дел од Форс Индија.

137 стартови, 7 подиуми и 4 најбрзи кругови е неговиот скор во Формула 1.