МАРКУС ЕРИКСОН

ПРОФИЛ

Маркус Ериксон е роден на 2 Септември 1990 година во Кумла, Шведска. Во трките со картинзи влегол во својата 9та година, а продолжил во Формула БМВ и Британската Формула 3. Потоа минал 4 години тркајќи се во ГП2 со 6то место како најдобар пласман во 2013 година.

Во 2014 година го почна своето патешествие во Формула 1 во тимот на Катерхам, но по пропаѓањето на екипата се префрли во Заубер. Во својата кариера, на вкупно 76 трки има освоено само 9 поени.