7

КИМИ РАИКОНЕН

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Кими Раиконен е роден на 17 Октомври 1979 година во Еспоо, Финска и е познат под прекарот “Ледениот човек“. На картинзи е од својата 10та година, а на 15 години веќе имал и меѓународни настапи. Пред да влезе во Формула 1 возеше Формула Форд и различни Формула Рено 2000 класи.

Во најбрзиот циркус е од 2001 година, но во 2009, 2010 и 2011 година “кулираше“ со Светскиот Рели Шампионат, а 2011 година се тркаше и во Наскар, пред да се врати во Формула 1. Започна во Заубер пред да мине 5 години во Меркларен, а во 2007 година направи трансфер во лутиот ривал , каде ги мина следните 3 години и стана Светски шампион.

Камбекот во спортот му беше преку Лотус во 2012 и 2013 година, пред повторно да се врати во Скудерија Ферари кадешто сеуште вози. На своите 273 настапи има 91 подиуми, 45 најбрзи кругови, 20 победи, 17 пол позиции и 1 титула.

Сезонава доби едногодишно продолжување на договорот, но воедно 2018 година е и последна во Ферари. Од година, Кими се враќа во Заубер каде што го имаше своето деби во Формула 1.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

  • Екипа: Ферари
  • Држава: Финска
  • Подиуми: 103
  • Гранд При Трки: 293
  • Титули: 1
  • Победи: 21
  • Дата на Раѓање: 17 Октомври 1979
  • Место на Раѓање: Еспоо, Финска

СЛЕДИ ГО КИМИ

#РАИКОНЕН ВЕСТИ

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ...

СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ

Дознај Повеќе

ФЕРАРИ

Дознај Повеќе