ДАНИЕЛ РИКАРДО

ПРОФИЛ

Даниел Рикардо е роден на 1 Јули 1985 година во Перт, Западна Австралија во семејство со длабоки италијански корени. Во картингот влета како 9годишник, а потоа продолжи во различни класи од формула БМВ, Формула Рено и Формула 3.

2010 и 2011 година параелно со Формула Рено 3,5 серијата беше и тест возач на Скудерија Торо Rосо, за да следните две години добие шанса да се трка за нив. Во Ред Бул “влета“ во 2014 година како замена за пензионираниот Марк Вебер. Својата прва година помината во Ред Бул, на екипата и донесе 3 победи.

Досега има забележано 129 стартови со 27 подиуми, 10 најбрзи кругови, 5 победи и една пол позиција. Годинава ќе биде последна од актуелниот договор со Ред Бул.