Џејмс Алисон верува дека моменталните возачи во Формула 1 вредат само 20 проценти од севкупниот пакет (возач и болид) во новата турбо ера. 

Откако досадната турбо ера започна во 2014 година, спортот постојано е цел на критики поради премногу технологија, при што влијанието на возачот е сведено на минимум, а неколку пак возачи јавно изјавија колку е лесно да се возат моменталните Формула 1 болиди.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во новата ера, производителите и тимовите ставаат приоритет на агрегатните единици, наспроти аеродинамиката, но Алисон сеуште верува дека возачите, агрегатните единици и аеродинамиката делат еднаква важност.

Како што е во моментов, би ги распределил 20:40:40, пришто возачот претставува 20%, а другите 2 дела се еднакви со 40% учество. – вели Алисон.

Алисон верува дека наредната година аеродинамиката, шасијата и возачот ќе добијат уште поголемо учество, но предупредува дека агрегатот не смее да биде заборавен и истиот може да игра клучна улога во формирање на гридот.

Следната година, аеродинамиката и шасијата ќе имаат поголема улога, но не премногу. Агрегатот сеуште ќе биде екстремно важна состојка. За тие како нас, кои го имаме задоволството да присуствуваме кога се креираат, изгледаат прилично добро. Едвај чекам да ги видам на патеката. – додаде Џејмс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.