Лукас ди Граси стигна до сензационална победа на патеката Аутодромо Ерманос Родригез во Мексико Сити, откако дуелот помеѓу него и Паскал Верлејн беше одлучен во последните неколку метри.

Во нешто што се претвори во неверојатен финиш на трка со прекини, ди Граси го притискаше Верлејн, напаѓајќи го во првиот свиок од последниот круг.

Верлејн се одбрани себеси, ди Граси нападна од внатрешната страна на 3от свиок, Верлејн остана покрај него до следниот свиок. Ди Граси не се откажа и го стигна Верлејн во последната шикана, а возачот на Махиндра повторно бранеше од внатрешната страна.

Сепак, енергијата на Верлејн исчезна до финиш линијата, а ди Граси успеа да стигне до победа со разлика од само половина болид.

Антонио Феликс да Коста заврши на третото место, но беше пласиран на втората позиција откако на Верлејн му беше доделена казна од 5 секунди за кратење на свиокот 4 во последниот круг, што го промовираше Едуардо Мортара на трето место, додека Паскал падна на шесто место.

Трката во еден момент беше прекината поради голем судар помеѓу Нелсон Пике и Жан-Ерик Верн. Двајцата возачи се бореа за осмата позиција во последната шикана од третиот круг.

Како што пристигнаа до свиокот, Пике удри во задниот дел од болидот на Верн, притоа удирајќи во болидот на Александер Симс, за на крајот да заврши во ѕидот надвор од патеката.

Мич Еванс се пласираше на седмо место за Јагурар, но во исто време беше под истрага поради контакт со Верн во средина на трката, кој пак заврши на 13 место. Фелипе Маса ги освои своите први поени во Формула Е со пласман на осмо место.

Сем Бирд и Даниел Абт имаа солидна трка и се искачија на деветто и десетто место, стартувајќи од 22 и 21 позиција на гридот.

Следната трка од Формула Е првенството е на 10 Март во Хонг Конг и истата може да ја следите преку официјалниот канал на Формула Е на YouTube.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.