Пјетро Фитипалди истакна дека е чест што го враќа семејното име назад во Формула 1 откако го изведе својот прв тест за Хаас на пост-сезонскиот тест во Абу Даби.

22-годишниот бразилец, внук на двократниот шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди, од скоро е назначен како официјален тест возач на Хаас за 2019 година, а го имаше своето деби на првиот ден од тестот на Пирели во Јас Марина.

Неговиот тест беше првпат името Фитипалди да се појави во Формула 1 од средината на 1990те години, кога Кристијан Фитипалди, внук на Емерсон, учествуваше во 43 Гранд При трки за Минарди и Футворк помеѓу 1992 и 1994 година.

За мене е чест да го вратам ова име назад во Формула 1. Секако дека дедо ми имаше навистина добра историја во Формула 1, како и во ИндиКар, да се донесе тоа назад во Формула 1 е навистина голема чест.

Многумина ме прашаа дали има притисок, но јас не го чувствувам тоа, сметам дека е голема привилегија да ја имам подршката на целото семејство, да добивам совети, кои знаат толку многу за тркањето.

Секогаш ќе има притисок, но тука сум бидејќи го сакам тркањето и сакам да бидам добар, сакам да победувам на трки и да освојам шампионски титули.

Не постои никој кој може да стави поголем притисок одколку самиот на себе, бидејќи сакам да бидам добар. Тоа е, ова е голема привилегија што сум опкружен од одлични тркачи – изјави Пјетро.

Емерсон Фитипалди освои 14 победи во својот подем кон титулите во 1972 и 1974 година со Лотус и Мекларен, додека неговиот брат, Вилсон, се тркаше за семејно основаниот тим, на кој и Емерсон подоцна се приклучи.

Пјетро е највисоко рангираниот член на семејството Фитипалди во скалилото на едноседи, а од скоро ја има освоено титулата во Формула В8 3.5 во 2017 година, пред да премина во ИндиКар. Неговиот помлад брат, Енцо, е член на возачката академија на Ферари и го освои италијанското Формула 4 првенство со Према во 2018 година.

Фитипалди се пласираше на осмо место на тестовите во Абу Даби и истакна дека е воодушевен од неговото прво искуство со Формула 1 болид, кој тој го опиша како најдобар болид кој го има возено.

Ми требаа неколку кругови да стане удобно, но Ф1 болидите се неверојатни. Очигледно е најдобриот болид кој сум го возел! Мислам дека секој сака да се трка во ваков болид.

Тоа е совршен тркачки автомобил, беше неверојатно да се тестира.

Сопирањето е неверојатно, толку брзо, мислам дека достигнав максимална брзина од 320 километри, а потоа сопрев на 90 метри пред свиокот.

Навистина е импресивно, сопирањето, забрзувањето, но и брзината во свиоците е импресивна, болидот има многу потисна сила – додаде Фитипалди.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.