ФИА ќе разговара со тимовите за ДРС проблемите на Заубер

36

Чарли Вајтинг изјави дека ќе има состанок со тимовите на кој ќе се дискутираат ДРС проблемите кои ги имаше тимот Заубер.

Маркус Ериксон имаше голем судар на вториот тренинг во Италија кога изгуби контрола кога почна да сопира поради проблем со затворање на ДРС крилото.

Поради овој судар, Карлос Саинз повика да се забрани овој систем.

Заубер имплементираше решение и ФИА беше задоволна со него, но Вајтинг изјави дека мора да се отстрани проблемот за никогаш повторно да не се појави.

Ќе имаме состанок со техничките шефови во четврток. Ги проверивме ДРС системите на квалификациите да се осигураме дека тој проблем нема да се појави. Проблемот беше лесно решлив бидејќи нивниот ДРС не се затворил навремено.

Нико Хулкенберг имаше проблем на првиот тренинг на Монца со неговото Рено кога остана отворено.

Не е нормално да се расипува активаторот. Тоа му се случи на Кими на тренинг на Спа.


Booking.com

ФИА ќе разговара со тимовите за ДРС проблемите на Заубер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>