ФИА им најави на Формула 1 екипите дека ќе ги брише квалификациските врмиња доколку возачите премногу широко минуваат низ 11от свиок од Автодромот Ерманос Родригез. Чарли Вајтинг, Директорот за трка во ФИА откри дека пратил ревидирани белешки за Гранд при викендот денеска, по вчерашниот брифинг со возачите.

Ако возачот го премине тротоарот при излезот на 11та кривина во текот на квалификациите и како резултат на тоа ниеден дел од болидот не остане во котант со црвено-елиот дел од тротоарот, постигнатото време ќе биде избришано од страна на стјуардите .

Во текот на трката,доколку возачот три пати го помине црвено-белиот дел “злоупотребувајќи“ го асфалтниот дел крај патеката, ќе му биде покажано црно-бели знаме и ќе биде дисквалификуван. По секое минување надвор од црвено-белиот дел тимовите ќе бидат опоменати преку официјалниот систем – гласи соопштението од Вајтинг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.