Меѓународниот Суд за жалби при ФИА ја сослуша жалбата на тимот на Хаас Ф1 околу дисквалификацијата на Роман Гросжан на Италијанското Гранд При во Монца.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Сослушувањето започна во 9 часот наутро во Четврток, во Париз и заврши според дневниот ред, но одлуката од судиите нема да биде објавена се до Петок според стандардниот протокол на ФИА.

Гросжан ја заврши трката во Монца во Септември на шестата позиција, но беше дисквалификуван по протест кај стјуардите од ривалот Рено.

Протестот се однесуваше на легалноста на предната ивица на подот на болидот на Гросжан, кој треба да има радиус од 50 милиметри. По трката во Италија, се увиде дека подот на болидот на Хаас не е во согласност на членот 3.7.1.д од техничката регулатива.

ФИА побара од неколку екипи да направат измени на подот пред трката во Монца, но Хаас истакнаа дека не биле во можност да го направат истото пред Сингапур поради одложувања со снабдувачот, односно во случајот производителот на шасијата, Далара.

Хаас истакнаа дека недостатокот на одговор на нивната електронска пошта го земаат во предвид како прифаќање на ситуацијата и според нив тоа е дозвола за одложување на промената до следната трка. Сепак ФИА негираше таква дозвола или пак дека насочуваат дека екипата била информирана дека доколку не ги направат промените, не би подлежиле на протести од други екипи.

Пред сослушувањето, тимскиот сопственик, Џин Хаас, изјави дека контроверзијата околу тркалата на Мерцедес ја поттикнале нивната жалба.

Ферари се закани со протест околу користењето на отвори во тркалата кои придонесуваат кон аеродинамична предност. Мерцедес предвремената одлука од стјуардите ја искористи како потврда за легалноста, но најверојатно ќе има дополнителни состаноци на истата тема во наредните неколку недели.

Што одлучија околу Мерцедес, дека нивните подесувања немаат ефект над аеродинамиката, не се во можност да го измерат тоа? Ист е случајот и со нас.

Со поставување на радиус околу ивицата не може да се постигнат мерки. Кога станува збор за Мерцедес, тие се заштитени. Но кога сме ние во прашање, тие не казнуваат. Радиусот немаше влијание над перформансите.

Поради тоа имаше дебати со тимовите неколку месеци. Потоа конечно поставија датум и истакнаа што бараат, а ние им посочивме дека ни е потребна уште една трка – изјави Хаас.

Поранешниот технички директор на ФИА, Марцин Будковски, кој е дел од Рено, не беше инволвиран во дебатата.

Жалбата е помеѓу Хаас и ФИА. Ние сме само заинтересирана трета странка – истакна Будковски.

Доколку жалбата е прифатена, тогаш разликата од 30 поени помеѓу Рено и Хаас ќе се намали на само 10 поени на 2 трки до крајот од првенството.

Тимскиот колега на Гросжан, Кевин Магнусен, исто така беше дисквалификуван од скоро. Тој заврши во поени во САД, но подоцна беше одлучено дека искористил повеќе гориво од дозволеното.

Тимот на Хаас ја прифати таа одлука и реши да не жали во тој случај.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.