ФИА ја објаснува истрагата за Хамилтон

1530

На стјуардите во Германија им требаше 90 минути за да му изречат опомена на Луис Хамилтон, а Чарли Вајтинг појасни дека имале добра причина за тоа. Мерцедес имаа момент на збунетост дали да го внесат или не Хамилтон по нови гуми за време на Безбедносното возило. Тој се упати накај гаражата, но тимот “се пишмани“ и возачот мораше да се врати во трка преку тревнатата површина.

Ни требаше малку повеќе време за да се осигураме дека ако ги повикаме Мерцедес имаме добра причина за тоа. Сакавме да почекаме по трката затоа што крајот беше многу блиску, врнеше, времетп не беше идеално и така натаму.

Додека се се смири, моравме добро да ги погледнеме снимките, а стјуардите одлучија да се повика тимот – појасни Чарли Вајтинг.

Тој додаде дека Ферари не се бунеле на возењето на Хамилтон и појасни дека за такво минување не следува казна согласно правилата. Во 2016 година Кими Раиконен доби 5 секунди казна за сличен инцидент, а Луис, овој пат, ништо.

Не мислам дека ова е преседан. Кими Раиконен имаше сличен инцидент пред неколку години во Баку и доби пет секунди казна, но тоа беше многу поразлично сценарио – појасни Чарли.


ФИА ја објаснува истрагата за Хамилтон

36 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>