ФИА го промени начинот на доделување на казните на гридот во пресрет на стартот од трката за следната година, во обид да ги натера и оние кој знаат дека ќе бидат казнети, да се појават и да возат на квалификациите.

Годинава правилото гласеше дека секој со над 15 места казна на гридот поради промена на моторот ќе стартува последен. Кога повеќе од еден возач имаше таква казна, поредокот беше одлучен по времето на настанување на прекршокот и времето кога новите елементи се за прв пат користени на патеката. Ваквите правила донесоа ситуации во кои некои болиди излегуваа на патеката многу пред да почнат тренинг сесиите и  се паркираа на крајот од боксовите со цел првите да се појават на асфалтот со новите компоненти во моторот, за да бидат пред возачот кој исто така ќе добие казна во подоцнежниот дел од викендот. Најекстремен пример беше Руското Гранд При кога дури четири болиди чекаа на излезот од боксовите.

За да се спречат ваквите ситуации и следната година, возачите ќе се редат како што ќе завршат на квалификациите, така што оние кои имаат конкурентни времиња на квалификациската сесија ќе имаат предност, наместо како досега само да се “прошетуваат“ во првиот К1 сегмент и да штедат гуми со непојавување. ФИА дополни и дека секој возач кој е надвор од 107% од времето на пол позицијата ќе почне од последно место, а може да се случи да стартува и зад казнетите возачи.

За да се промена спортските правила кои ги потврди Светскиот Мотор Спорт Совет неделава, екипите мора да се осигураат процедурите околу горивото да бидат исти на тестирање и на трка. Од пожарот вогаражата на Вилијамс во 2012 година во Шпанија, правилата се претпазливо дефинирани за носење заштитна опрема, а инспекторите на ФИА забележале дека тие процедури не се почитуваат за време на тестирањето.

Направено е уште едно дополнување кај правилата, односно болидите ќе бидат држени под жолто знаме се додека не се мине контролната линија која значи дека Безбедносното возило е назад во гаражата. Во кругот кога Безбедносното возило се враќа во гажата, SC таблите нема да бидат истакнати, а наместо тоа ќе бидат развеани жолти знамиња, а лидерот по повлекувањето на Безбедносното возило ќе го види зеленото знаме.

Последната промена е со цел подобро разбирање на компјутерските симулации за развој на болидите соглсно правилата за 2021 година. Ова беше спроведувано и во минатото кога тимовите се подготвуваа за поголема промена на правилата и се однесува на начинот на кој ќе даваат податоци назад до ФИА, а во врска со новите правила.

Потврдени се и аеродинамичките промени на крилата за 2019 година, дополнителните 3 килограми тежина на болидите со што тие ќе тежат 743 килограми наместо досегашните 740.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.