ФИА со објаснување околу дефанзивните правила

527
   

ФИА јасно им стави до знаење на Формула 1 возачите дека ако направат два одделни дефанзивни потези за одбрана на својата позиција, во иднина ќе добијат казна.

По двојниот блок на Себастијан Фетел против Луис Хамилтон во борба за позиција во Русија, прашањето било ставено на дневен ред на возачкиот состанок во Јапонија.

Хамилтон тогаш сакал појаснување дали возачите смета два пати да менуваат правец во иста насока и да избегнат казна, како што Фетел направил и не бил казнет. ФИА одамна е јасна по тоа прашање дека ако возачот повеќе од еднаш го промени правецот за да си ја одбрани позцијата, инцидентот ќе биде истражуван по трката, како прекршување на правилата.

Луис сметаше дека Себастијан два пати се поместил додека ја бранел својата позиција, еднаш “затворил врата“ за тој да не мине, а потоа го направил повторно со што го натерал нагло да забави. Чарли Вајтинг одговорил дека потегот на Фетел не може да се гледа како на два одделни маневри затоа што истото не било направено во иста насока.

Правилото за двете поместувања е традиционално за маневар во еден правец, а потоа и втор маневар во спротивната насока. Мислам дека сите сфатија дека генералното објаснување за правилото е тоа, но морам да кажам дека кога прв пат го гледав инцидентот во Русија, Фетел се помести два пати гледано од болидот на Луис.

Но, анализирајќи ги камерите на патеката и снимката од напред кога болидите доаѓаат кон вас, станува јасно дека тоа е еден потег со дополнително колебање дали да се направи втор. Не изгледаат како два одделни потези поради што стјуардите не сметаат дека казната би била оправдана – објасни Вајтинг за motorsport.

Чарли заклучи дека доколку во иднина возачот направи два одделни потези, одделени еден од друг со пауза, тоа ќе биде сметано како прекршување на правилата.

Тоа што им го кажав на возачите е дека ако некој од нив направи два потега во иста насока, тоа е исто како да направил еден во одредена насока. Така, ако Себ тргнал еднаш, погледнал на ретровизор и продолжил во иста насока, тоа е како да направил еден потег во една насока.


ФИА со објаснување околу дефанзивните правила

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>