ФИА ги отфрли гласините кои велеа дека падот на перформансите на Скудерија Ферари е поврзано со вториот сензор за мониторинг на моторот кои Федерацијата го инсалираше во агрегатот на италијанскиот тим.

Уникатниот дизајн на двојната батерија на Ферари е предмет на гласини од стартот на оваа сезона, а Мерцедес ја повика ФИА да го провери повратот на енергија кај нивните конкуренти од Маранело.

ФИА инсталираше два сензора во моторот на Ферар за да го набљудува и контролира користењето на енергијата и беше задоволна со резултатот кој го добија дека се е согласно правилата.

Во последно време Ферари не може да му парира на Мерцедес според моќта на правците која ја испоачува нивниот мотор, а гласините укажуваат на сензорите на ФИА во болидот. Вајтинг е јасен дека тоа нема никаква врска со формата на Ферари.

Не сум сигурен што се случува. Има шпекулации дека е поради “магичниот“ сензор кој го поставивме. Нема да одам понатака со тоа но ќе кажам дека тоа нема врска со перформансите. Нема никаква врска – дециден е Чарли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.