ФИА не му дозволува на Тиктум да тестира за Ред Бул

235
   

Планот на Ред Бул да му даде шанса на својот млад возач Ден Тиктум на вториот сезонски тест во Унгарија пропадна откако ФИА не даде зелено светло. Доктор Хелмут Марко веќе некое време го следи 19-годишниот возач кој сезонава ја комплетира во Европската Формула 3 серија како потенцијална замена за Брендон Хартли следната сезона.

Со цел да го забрзаат развојот на младиот возач Ред Бул планираше да му даде ден сезонски тест на Хунгароринг на крајот од овој месец, но ФИА им стави до знаење дека правилата за суперлиценца не го дозволуваат тоа.

Тој има одлични трки во Формула 3, но сеуште нема поени на својата суперлиценца. Како на овој начин да носиме млади возачи во Формула 1 – запраша Марко во своето интервју за Auto Motor und Sport.

Ако Тиктум не добе дозвола да тестиа во Унгарија, а веројатно дека нема, Хелмут планира да му го дде болидот на крајот на сезоната во Абу Даби. Тиктум беше на насловните страни во 2015 година кога доби забрана за трка во траење од две години откако намерно се судри со ривал на патеката. Одтогаш неговата кариера одлично се одвива под диригетнската палка на Марко и Ред Бул.

Не е случајност што програмата на Ред Бул се покажала толку успешна. Се работи за филозофијата на младите возачи, намерата да пробаат нови работи и лекции кои треба да ги научат.

Знам дека сум доволно брз и доволно добар за Формула 1, но треба да се фокусирам на некои делови од сложувалката. Знам дека сум блиску до готов производ – смета Тиктум.


ФИА не му дозволува на Тиктум да тестира за Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>