ФИА не гледа проблем во рестартот на Ветел

246

ФИА се среќни и задоволни од начинот на кој Себастијан Ветел го спроведе рестартот по повлекувањето на првото Безбедносно возило во Неделата во Баку. Луис Хамилтон го обвини германецот за опасно возење и “играње“ со нагло забрзување и потоа нагло забавување. Но, по разгледување на снимката, ФИА не го разгледува дополнително овој момент од трката.

Мислам дека Ветел контролираше се многу добро и знаеме дека првиот возач треба да одлучи кога ќе тргне. За разлика од некои други серии, тиме имаатзона во која може да забрзаат и не може да притиснат полна гас пред или по таа зона. Штом светлото биде зелено и Безбедносното возило се повлече во боксот, водечкиот возач одлучува кога да ја продолжи трката.

Токму таму е тешкиот момент затоа што ако рерано и пребрзо тргнат, ќе го стигнат Безбедносното возило. Мислам дека Себ контролираше се многу добро.

Луис се жалеше дека неговата брзина не била константна, но ако ја погледнете патеката, постојат само неколку места каде што тоа е можно. Да се очекува да се движите со контантна брзина, тоа не се случува никогаш. Се додека ништо не е опасно ние сме среќни и задоволни – појасни Чарли Вајтинг, Директорот за трка во ФИА.


ФИА не гледа проблем во рестартот на Ветел

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>