ФИА нема замерка на ретровизорите на Мерцедес

608
   

ФИА нема да побара од Мерцедес да ги отстранат своите ретровизори со последна спецификација со кои се тркаа во Австрија откако Федерацијата смета дека истите се согласно правилата. Откако дизајнот се појави на Ред Бул Ринг, некои екипи од гридот сметаа дека одредени делови носат аеродинамичка предност за тимот.

За време на трката во Монако, Ферари настапуваше со модифицирани ретровизори, но ФИА побара од нив да не ги користат на другите трки затоа што имало одредени делови кои им носеле аеродинамичка предност, а и не биле доволно безбедни.

Задоволни сме со новите ретровизори на Мерцедес затоа што точно ги задоволуваат барањата од техничката директива која ја пративме до сите екипи. Дополнителниот држач е од долната страна на ретровизорот така што таму нема никаков проблем.

Ако ги поглденете ретровизорите на Форс Индија или оние на Ред Бул тие имаат нешто слично, но не толку сложени – појасни Чарли Вајтинг.


ФИА нема замерка на ретровизорите на Мерцедес

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>