ФИА ги подржа тврдењата на Мекларен дека не го промашиле рокот за номинирање на пневматици за Јапонското Гранд При. 

Ултра консервативниот избор на Мекларен ги остави во задните редови, а Фернандо Алонсо не беше во можност да користи суперсофт пред квалификациите.

Изборот поттикна шпекулации дека Мекларен биле приморани да го користат генеричниот избор на Пирели бидејќи го пропуштиле рокот од 14 недели за да го поднесат својот избор до ФИА.

Мекларен остро ги негираше тврдењата, но тоа не спречи дополнителни теории на заговор. Директорот за трка при Формула 1, Чарли Вајтинг, вели дека владеечкото тело никогаш не било информирано дека екипа го пропуштила рокот и дека ФИА го предупредува секој тим доколку е блиску до пропуштање на тој рок.

Не сум известен дека некој доцнел. Тоа е од пред многу време, во секој случај. Тоа што нормално го правиме доколку не го направат својот избор, имаме краток телефонски повик и ги потсетуваме, но тоа не беше случајот вој пат – вели Вајтинг.

Спортскиот директор на Мекларен, Жил де Феран, кој се приклучи на екипата откако изборот на пневматици бил направен за Јапонија, вели дека истиот бил направен бидејќи екипата преферира потврди пневматици.

На почетокот на годината имаше генерално разбирање дека нашиот болид работи подобро со потврди пневматици. Особено на патека како Сузука со големи Г сили и многу свиоци, тоа е најдобар избор. Искрено, згрешивме. Цел викенд се обидувавме да се снајдеме со неоптимален избор. Тоа е се. Изборот беше намерен – вели де Феран.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.