Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) и официјално го потврди Формула 1 календарот за 2019 година, без никакви промени и корекции, така што распоредот на трките останува исти како во првичниот календар објавен во Октомври.

Календарот од 21 трка почнува на 17 Март во Австралија, а завршува на 1 Декември со финалето во Абу Даби. Третата трка во сезоната која ќе се вози во кинески Шангај на 14 Април ќе биде 1.000та Формула 1 трка.

Повеќе нема да има три последователни трки во календарот како оваа година, по поплаките на тимовите дека е претешко во три недели да се тркаат во Франција, Австрија и Велика Британија.

Календар за 2019 година

Датум Гранд При Место
17 Март Австралија Мелбурн
31 Март Бахреин Шакир
14 Април Кина Шангај
28 Април Азербејџан Баку
12 Мај Шпанија Барселона
26 Мај Монако Монако
9 Јуни Канада Монтреал
23 Јуни Франција Пол Рикар
30 Јуни Австрија Ред Бул Ринг
14 Јули Велика Британија Силверстон
28 Јули Германија Хокенхајм
4 Август Унгарија Хунгароринг
1 Септември Белгија Спа
8 Септември Италија Монца
22 Септември Сингапур Сингапур
29 Септември Русија Сочи
13 Октомври Јапонија Сузука
27 Октомври Мексико Мексико Сити
3 Ноември САД Остин
17 Ноември Бразил Интерлагос
1 Декември Абу Даби Јас Марина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.