ФИА го ограничи согорувањето масло на квалификациите

386

ФИА одлучи да ја затвори дупката во правилата која им дозволуваше на екипите да додаваат масло во горивото на болидите на квалификациите, по што значително се зголемуваа перформансите на моторите.

Новата регулатива нагласува дека тимовите не може да додаваат масло во болидот или да го префрлуваат од некој помошен резервоар во текот на квалификациската сесија.

Ваквите контраверзии траат уште од лани, а се засилија на овогодинешната Голема награда на Австралија каде Хамилтон изјави дека го користел своето ‘party mode’ со што дошол до предност од 7 десетинки на квалификациите.

ФИА ја направи оваа промена со цел да може доследно да го надгледува нивото на масло во болидот како и потрошувачката на масло од моторот, особено во текот на последниот квалификациски сегмент во Сабота.

По многуте разговори на таа тема, сакаме да појасниме дека со цел да дозволиме на ФИА да ја надгледува потрошувачката на масло во текот на квалификациската сесија на точен начин, не смее да биде додавано масло во болидот, а не смее да се активира нити никаков помошен резервоар – појасни Николас Томбазис кој има одговорна фукнција за трките на спортски едноседи на ФИА.


ФИА го ограничи согорувањето масло на квалификациите

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>