Пјер Гасли бил принуден да се откаже од трката во Абу Даби од страна на ФИА.

Истекување на масло во неговиот болид во завршницата доведе до откажување на французинот во неговата последна трка за Торо Росо.

Директорот за трки при ФИА, Чарли Вајтинг, ги известил Торо Росо да побараат од Гасли да застане со болидот со цел да се избегне истекување на масло на патеката.

Побаравме од тимот да му соопштат да застане.

Неговиот инженер сеуште му даваше пораки за сино знаме и не го коментираше фактот што моторот само што не експлодирал. Откако му пренесовме, Пјер застана од страна – вели Вајтинг.

Самиот Гасли истакна по трката дека е разочаран што ја завршил 2018 со откажување.

Стартував од 17то место и успеав да стигнам до 10то и да се борам со Роман за деветта позиција, но за жал ја завршивме сезоната како што ја почнавме, со откажување.

Беше емотивно бидејќи ова беше моја последна трка со Торо Росо. Имав одлична сезона со нив и Хонда и сакав добар пласман.

Севкупно, ова беше позитивна сезона од моја страна, навистина уживав да работам со Торо Росо и ќе ги паметам добрите викенди кои ги имавме заедно.

Возбуден што ќе започнам ново поглавје со Ред Бул наредната година, но сепак, ќе ми недостасуваат момците. Тие се одлични луѓе кои имаат голема страст за тоа што го работат .. беше големо задоволство да се работи со нив! – изјави Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.