ФИА ги забрани новите ретровизори на Ферари

1446

Ферари ќе мора да ги отстранат своите нови ретровизори прикачени на хало за следната трка во Монте Карло, по поплаките кои беа доставени до ФИА.

СХ71Х се појави во Шпанија како прв болид со ретровизори фиксирани на хало, согласно последната дозвола која ФИА преку Николас Томбазис им ја даде на екипите.

Делегатот на ФИА, Чарли Вајтинг, беше забележан како одблиску го слика болидот во ретровизорите во  Четврток, но деловите остануваат на болидот и по крајот на квалификациите. Неколку екипи се пожалиле на дизајнот на Скудерија и барале објаснување дали е се легално од аеродинамичка гледна толка.

Себастијан Ветел и Матиа Биното го бранеа новиот дизајн на прес конференциите во Барселона велејќи дека освен аеродинамичкио аспект, со новите ретровизори добиваат далеку подобра прегледност за се она што се случува зад нив.

Мислам дека ретровизорите нема повеќе да ги видите на друга трка. Јас сметам така, ги имаа тука, но да почекаме што ќе се случи на следната трка – изјави Кристијан Хорнер за Sky.

ФИА пресече дека дизајнот е нелегален, главно се фокусира на крилцата интегрирани во структурата, а не на ретровизорите, но Скудерија ќе може да го доврши викендот со нив.


ФИА ги забрани новите ретровизори на Ферари

14 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>