ФИА воведува 18 инчни тркала и забрана за греачи од 2021

415

ФИА, регулаторот на Формула 1, потврди дека покривките за греење на пневматиците ќе бидат забранети од година, исто како и промена од 13 на 18 инчни тркала, одлука која наиде на изненадување кај тимските шефови. 

Не бев свесен за тоа, тоа е новина – гласеше изјавата на Боб Бел од Рено, коментар со кој се согласија и Ендру Грин од Форс Индија, Пади Лоув од Вилијамс и Пјер Ваш од Ред Бул за време на четврточната прес конференција во Германија.

Сепак, сите се согласуваат дека забраната за користење на греачи за пневматиците би можела да има позитивно влијание над спортот, бидејќи ќе го примора снабдувачот да произведе пневматик кој се загрева побрзо и функционира во подолг период, за разлика од моменталните пневматици на Пирели кои имаат проблеми зависно од временските услови, при ниски температури како и големо оштетување кога се прегреани.

Сигурен сум дека побарувањата за пневматиците можат да бидат договорени со снабдувачот, по кои што истиот ќе испорача пневматици кои можат да функционираат безбедно, без употреба на греачи. Многу други тркачки серии го прават тоа, така што не гледам причина зошто тоа да не биде случај и со Формула 1.

Доколку тие спецификации на пневматици ни дозволат да избегнеме некои од ограничувањата со кои се соочуваме денес, како притисокот, накосеноста, сите тие нешта, а со тоа процесот да стане полесен за тимовите, надополнето со постојани перформанси во трајноста на пневматикот, тогаш мислам дека тоа е добро решение и сигурен сум дека е возможно – изјави Бел.

Сепак Бел предупредува дека нема да биде лесна задача за производителот.

Потребно е време за да се осигурате дека тие побарувања се валидни и да му се овозможи доволно време на производителот, кој и да е, да ги развие. Тоа не е работа од 5 минути – вели Бел.

Пади Лоув се согласува, но признава дека ваквото решение ќе ја намали драмата во спортот.

Ми се допаѓа спектаклот на гридот, со целата таа опрема, вклучувајќи ги и греачите за пневматиците. Мислам дека тоа дава импресија колку Формула 1 е технички спорт, врвот на моторспортот, така што би ми недостигал тој момент.

Но од друга страна, ако се водите по тоа што го изјави Боб, доколку резултатот се пневматици кои функционираат на оптимално ниво подолг период, тоа може да биде добра последица.

Знам дека во исто време дискутираат околу промена на квалификациите кон формат со помалку кругови, можеби со само еден круг и доколку тоа се случува со пневматици кои не се загреани, истото може да не насочи кон пневматици кои функцонираат подолго, што мислам дека е добро за спортот – изјави Лоув.

Ваш ја истакна тешкотијата со која ќе се соочи производителот при развојот на пневматик кој е способен за такви перформанси.

Од техничка гледна точка, за производителот ќе биде многу тешко, кога ќе ја споредите еволуцијата на притисокот кога немате греачки, почнувајќи од 13 степени и постигнувајќи повеќе од 100 степени. Енергијата која ја насочуваме кон пневматиците во Формула 1 повисока од другите категории. Тоа сигурно ќе биде предизвик за производителот на тие пневматици.

Како инженер, кога има предизвик, тогаш  е мошне интересно. Прилично сум сигурен дека ќе најдеме можности со болидот да ги користиме пневматиците на најдобриот можен начин, но дефинитивно ќе биде голем предизвик за производителот – вели Ваш.


ФИА воведува 18 инчни тркала и забрана за греачи од 2021

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>