ФИА воведува нови, задолжителни кациги од 2019

377

ФИА го откри изгледот на прототип заштитната кацига која ќе стане задолжителна за Формула 1 возачите од 2019 година, а останатите серии ќе следуваат малку подоцна.

По повеќе од 10 години во истражување и развој, новиот дизајн е нарешен FIA 8860-2018 и претставува стандард кои производителите мора да го постигнат за да може нивната опрема да се користи во врвните серии под покровителство на ФИА.

Инцидентот на Фелипе Маса во Унгарија во 2009 година кога дел од болидот пред него удри директно во неговата глава по што тој имаше тешка повреда, била една од главните инспирации за подобрување на заштитата на возачите.

Од следната година ќе бидат воведени нови правила за кацигите како нови тестови и толеранции, напредна балистичка заштита и зголемена заштита во други области кои е утврдено дека се под ризик.

Го развиваме проиазводот од 2006 година кога почнаме со работа. Не се брзавме поради што сегашните кациги ионака нудат огромно ниво на заштита, а индустријата се навикна на нив.

Но, сега е вистинско време, новиот стандард оди чекор подалеку, можеби пред неколку години сметавме дека е невозможно да се постигне тоа, но производителите сега се подготвени за кацигите од новата генерација – појасни Анди Мелор, Инженер за истражување во Глобалниот институт за безбедност во моторспортот кој е партнер на ФИА.

Производителите на кациги Стило, Бел, Шуберт и Араи работеле заедно со ФИА во истражувањата и ќе продолжат да работат заедно во пресрет на сезоната која следи.

Областа која ја тестираме ќе биде проширена во однос на сегашната што значи дека целосната заштита која ја нудат кацигите ќе биде значително зголемена со новата технологија. Ова ќе биде најнапреден стандард возможен засега – изјави Стивен Коен, Претседател на Бел.


ФИА воведува нови, задолжителни кациги од 2019

1 Коментар

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>