Претседателот на Фиат групацијата, Џон Елкан, наводно имал опција да го купи тимот на Заубер Ф1, кој од скоро беше преименуван во Алфа Ромео Рејсинг.

Пред неколку дена, беше објавено дека Алфа Ромео го зголемува своето учество во Заубер преку промена на името на екипата во Алфа Ромео Рејсинг за 2019 година, што го означува крајот на името на Заубер во Формула 1.

Екипата од Хинвил сеуште е во сопственост на Ислеро Инвестментс АГ, која е создадена од Лонгбоу Фајненс, кои го купија Заубер од Питер Заубер и Мониша Калтенборн кон средината на 2016 година.

Заубер ја зголемија соработката со снабдувачите Ферари и основаа техничко и брендинг партнерство со Алфа Ромео, во сопственост на Фиат, за 2018 година. Според извештај на Аутобилд, Фиат групацијата исплатила 6 милиони евра за промена на името во 2019 година, а имаат рок до летната пауза да одлучат дали сакаат целосно да ја купат екипата.

Таков потег ќе го зголеми влијанието на Ферари и Фиат и нивното мислење за насоката на Формула 1, која ќе има промена на правилата во 2021 година, кога истекува моменталниот Конкорд договор.

Сепак, Фиат групацијата може да одлучи дека таков чекор не е потребен. Земајќи ја во предвид блиската врска со Ферари, би било изненадување доколку Алфа Ромео Рејсинг целосно тргне во поинаква насока од таа на Ферари во однос на правилата за 2021 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.