Себастијан е убеден дека Ферари ќе има достојна замена за Даниил Квјат и Антонио Џовинаци кои одработуваа во симулаторот на тимот минатата тркачка сезона.

Русинот и италијанецот многу работеа во симулаторот на тимот минатата сезона на подобрување на сетирањето на болидот во текот на тркачките викенди, но Квјат доби нова шанса да се покаже во Торо Росо, додека Џовинаци ќе вози во Заубер крај Кими Раиконен. Скудерија му понуди развојна улога и на Роберт Кубица кој потоа доби тркачко место во Вилијамс и негативно одговори во Маранело.

Во моментов официјални тест возачи на најтрофејниот Формула 1 тим се Марк Хене и Давиде Ригон, но Себ е убеден дека тимот ќе се засили на тоа поле во пресрет на сезоната.

јас лично не го сакам симулаторот затоа што воопшто не е забавно да се вози во него, но како и да е, тоа е многу значајно и многу користно. врз основа на она што ќе го најдеме го менуваме сетирањето на болидот, добиваме перформанси и сме среќни и задоволни.

благодарни сме им на момците кои го одработуваат тоа затоа што не е многу убава работа да се прави во Петок навечер особено кога сте млад, но многу е важно за тимот.

сите имаат своја улога и на крај јас ја имам честа да го имам воланот на трка и да ја возам машината во која сите допринесуваат. следната година е точно дека сме без овогодишнтие возачи од симулаторот кои одлично и брзо се вклопија, но убеден сум дека ќе најдеме добра замена – изјави фетел.

Италијанците може следната година да користат некои од возачите од својата Академија, а може и да ангажираат некој со Формула 1 искуство како Брендон Хартли или Сергеј Сироткин, слично на Мерцедес кои во симулаторот годинава ќе го имаат Стофел Вандорн.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.