Себастијан Фетел откри дека ќе биде среќен да му помогне на младиот Шарл Леклер следната година на патеката, но претупредува дека ќе го победува на патеката правејќи го тоа. Шарл ќе стане втор најмлад возач на Скудерија во нивната историја следната година кога од Заубер ќе мине во Ферари.

Возачот од Монако има одлична дебитантска сезона во Заубер каде освои 27 поени на 2 трки пред крајот преку 10 пласмани во поени годинава.

секако дека ќе биде поинако затоа што шарл не е кими, но и кими не е шарл.

тој е младо момче и верувам дека ќе има доста прашања и ќе мора да работиме заедно во интерес на екипата.

Сигурен сум дека ќе сака да ме победи исто како што и јас сакам да го победам него, исто е и со кими. Мислам дека клучно е да работиме заедно затоа што сум сигурен дека ќе има многу работи во глава.

Јас ќе бидам негов тимски колега, тука сум да му помогнам, не сум тип кој крие и игра игри поради што одлично се согласував со кими – смета себастијан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.