Фетел: Ферари побрзо “ги јаде“ гумите

535
   

Себастијан Фетел изјави дека е јасно болидот на Ферари многу побрзо го троши гумите од своите ривали во Јапонија во викенд во кој изборот на гуми на италијанците беше многу агресивен. Во Маранело решија да земат максимален број од 10 сетови ултрасофт компонента, само еден софт и само еден медиум кои се задолжително алоцирани од Пирели.

Ситуацијата со гумите во Ферари е лоша, а двајцата возачи имаа меури уште на петочните сесии што не е добар знак.

Денеска мислам дека заедно со Кими едноставно премногу лизгавме и поради тоа ги оштетувавме гумите повеќе од останатите, но гледано се на се, денот беше успешен.

Беше чисто, немавме прекини во возењето, немавме проблеми со болидот или нешто слично така што можевме целосно да се посветиме и фокусираме на работата и да извадиме се што е останато од перформансите на болидот за утрешниот ден – објасни Фетел.

Иако германецот смета дека простор за напредок кај нивниот пакет постои, сепак не би сакал да предвидува дали ќе може да го победат Мерцедес.

Знаеме точно што правиме и работиме вообичено како и секој друг Петок. Како што реков, знаеме точно за што е способен нашиот пакет. Мораме да се фокусираме на работата за да извлечеме се што можеме за да бидеме во најдобра можна позиција утре и ако добиеме можност за пол позиција ќе биде супер. Доколку не, ќе се задоволиме со вториот ред и ќе видиме што носи трката.

Себ е дециден кога вели дека не се обиделе да направат нешто глупаво и преоптимистички за да го победат Мерцедес.

Секогаш може да се направи нешто, но прашање е колку тоа се исплати и може да донесе резултати. Јасно е дека никој не сака да изврши самоубиство, но ние напашеме и сме разумни затоа што викендот е долг.


Фетел: Ферари побрзо “ги јаде“ гумите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>