Себастијан Фетел откри дека на некој начин оваа сезона му била најтешка во Формула 1 кариерата, откако веќе и теоретски ја загуби титулата од Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес. Германецот имаше неубделив втор дел од сезоната, излета и се судри во Германија додека водеше, а потоа и се извртуваше на трка во неколку наврати.

Можеби ова е најтешка сезона во мојата кариера, но сепак треба добро да размислам пред да ја оквалификувам така. Дефинитивно различно од другите години, но не смеам да заборавам дека имавме многу силен пакет, победувавме на трки, иако возачката титула ни избега, сеуште можеме да се бориме за конструкторската.

Иако беше тешка сезона, мислам дека не беше лоша за Ферари. Суште се подобруваме, но постоеја работи кои треба да се поправат за да можеме да го направиме последниот чекор на кој се надеваме – смета Себастијан.

Излизгувањето од патеката во Германија по што следуваше судар во ѕид беше најтежок момент затоа што Хамилтон стартуваше од 14то место на таа трка, а по Безбедносното возило го превзема водството. Следуваа извртувања на возачот на Ферари во првиот круг во Игралија, а потоа и во Јапонија во дуел со Макс Верстапен и во Америка во дуел со Даниел Рикардо. Сепак, тој не смета дека ова ја решило титулата, туку трката во Сингапур по која не можеле да ги стигнат Мерцедес.

Мислам дека се почна од Сингапур, одтогаш немав ритам да се носам со Мерцедес неколку трки, а дополнително се случија и некои работи кои не ми помогнаа. Не можевме да дојдеме до поени поради грешките кои ги правеше тимот и ги правев јас.

Не смеам да бидам престрог во однос на тоа што се случи во Германија затоа што сум правел и поголеми грешки годинава, но веројатно таа од Хунгароринг најмногу ме чинеше. Но, тоа е дел од тркањето и тоа се случува кога притискаме премногу и имате преголема желба.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.