Фетел смета дека Мерцедес намерно го забавува својот болид

1108
   

Себастијан Фетел верува дека Мерцедес намерно го ограничуваат потенцијалот на нивниот болид со цел да се покаже дека Ферари е многу блиску до нив и да направат нивната доминација да изгледа импресивно. Во моментов “сребрените“ водат во конструкторскиот поредок, а Луис Хамилтон води кај возачите.

Многу често годинава од Мерцедес изјавуваат дека болидот на Ферари е на ниво со нивниот, но Себ смета дека тоа не е случајот.

Екипите се доста блиску, но Мерцедес беа многу добри изјавувајќи преку медиумите дека нивниот болид е побавен од нашиот, но тоа не е случај. Ќе видиме, имаме силен пакет, тоа го знаеме, но знаеме и дека можеме да го подобриме.

Јасно е дека на почетокот на годината имаме мала предност на квалификациите во однос на Мерцедес, но во последно време не е така – објасни Фетел.

Германецот верува дека неговата екипа е силна, има конкурентен болид и дека разликата со Мерцедес е многу мала.

Јасно е дека не е многу убаво да се заостанува, но мораме да бидеме реални во однос на разликата во перформанси кај болидите. Знам дека нашиот пакет е одличен, никогаш не се сомневав во тоа, но верувам дека тие имаат многу силен болид и тоа секогаш било така.

Имаше квалификациски сесии каде ние имавме предност, а имаше и такви кога Мерцедес имаат. Понекогаш, како на пример во Русија или Франција, имавме неубедлив болид и мораме да се подобриме.


Фетел смета дека Мерцедес намерно го забавува својот болид

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>