Четирикратниот Формула 1 првак, Себастијан , смета дека тркачката серија сеуште го нема видено најдоброто од него и покрај тоа што освои 4 шампионскит титули за Ред Бул.

Последниот наслов на германецот беше во 2013 година, а пет години подоцна сеуште се бори за својата 5та возачка титула, но Луис Хамилтон излегува како победник во нивниот дуел последните две сезони. Тој е е лут што загуби од британецот, туку е задоволен и се чувствува привилегурано што е дел од Формула 1.

мислам дека сите од нас кои имаат можност да возат таков болид се многу привилегирани, да се борите за победи и подиуми е тоа што сите го сакаат. секако дека сум разочаран кога нема да победам, но подобро е одошто да седам во болид кој не може ни да стигне до 15то место. знам и свесен сум дека сум во многу среќна позиција.

веќе имав прекрасен живот, го исполнив мојот сон и станав формула 1 возач, победував на трки, освојував титули и сето тоа повеќе од само еднаш. возам за ферари и се надевам дека ќе бидам шампион за нив, што повеќе да посакам – изјави фетел.

Запрашан дали се чувствува дека е на врвот од својата кариера или пак зенитот е зад него, германецот одговори:

често се запрашувам да не претерувам, да не сум постигнал премноу за премалку време, веќе имам искуство, но секогаш сум добар. мислам дека најдоброто од мене допрва ќе доаѓа. победувам како возач на ферари, но не сум првак со нив, тоа е мојата следна цел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.