Тежок прв ден во Мексико го остава возачот на , Себастијан Фетел, загрижен за менаџирањето на гумите во трка, иако е сигурен дека имаат ритам да бидат подобри од Рено. Ред Бул имаше најбрзи времиња на двете сесии, беа секунда пред остатокот од гридот на Ерманос Роригез, но Рено беа втора екипа на сесиите, иако на вторите 90 минути Саинз беше само илјадитинка пред Себастијан.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тимовите возат со максимална потисна сила на нивните болиди поради реткиот воздух во високото Мексико Сити, но и покрај тоа имаат помала потисна сила од Монца.

Мислам дека ова е патека каде мота има најмала улога, а Ред Бул го знаеја и го очекуваа тоа. Мислам дека ние немавме чист круг така што сигурен сум дека ќе бидеме пред Рено.

Сите се на лимит со гумите и се обиуваат да ги донесат на оптимум за да работат колку што може подобро и да лизгаат помалку, освен Ред Бул кои одлично менаџираат со нив – смета Фетел.

Трошењето на пневматиците беше проблем особено во попладневната сесија во Мексико, а екипите искусија голем пад во перформансите по само неколку кругови мианти на хиперсофт гумите. Поради тоа, се очекува најголем дел од екипите да се обидат во К3 да минат со ултрасофт гумите поради тоа што хиперсофт би траел само неколку кругови на трка.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.