Фетел сака приватен разговор со Верстапен

521
   

Себастијан Фетел сака да разговара со Макс Верстапен на само и не сака да почнува никаква јавна војна со зборови, а во врска со нивниот судар во Јапонија. Германецот од Ферари смета дека младиот холанѓанец бил преагресивен во одбрана на својата позиција на кривината Спун во 8от круг од трката, откако на почетокот од истата, имаше судар и со Кими Раиконен.

Брз е, но не му е полза начинот на кој се врати на патеката против Кими. Не сакам ова да заврши во стило “Себ го вика ова, Макс го вика она“. Ќе разговарам со него на само кога ќе дојде вистинско време, јас така сакам да ги решавам работите – појасни Фетел.

Тој останува на ставот дека неговиот обид за претекнување не бил премногу амбициозен и негираше дека попаметно било да почека додека Макс ја отслужи казната или до подобар момент за претекнување.

Што мислите колку време треба да чекам? Јас сум тркач исто како и тој и јас се тркам со него, но многу повеќе се тркам со тие пред него.

Неговата батерија се полнеше, а тоа го видов од трепкањето на светлото на неговиот болид, во момент кога мојата батерија беше зачувана полна и на нагорнината кон есовите се обидував да останам блиску до него со добар излез од кривината шнола. Ме повлече затоа што беше пред мене во 12та кривина, дојдовме еден до друг кога тој закочи и сврте кон мене.

Имав слични ситуации и со други возачи, но успеав да минам низ таа кривина. Не дека е најдобро место за претекнување, но ако сте еден крај друг мислам дека е фер да се остави доволно место. Дадов се од себе за да избегнам контакт, но ако продолжува да врти кон мене што да направам?

Себастијан смета дека холанѓанецот имал доволно можности да го избегне сударот и смета дека дури и ги отпуштил сопирачките за да му ја отежне работата.

Проблемот беше во тоа што штом ме виде крај него ги отпушти сопирачките и се обиде да ме истурка, но тоа беше сосема погрешно и мислам дека ионака немаше да “ја фати“ кривината.

Тој ме гледаше мене наместо да ја гледа ситуацијата пред себе на патеката. Двајцата се обидувавме да минеме низ таа кривина пред се, а потоа да видиме кој ќе го направи тоа прв – заклучи Себ.


Фетел сака приватен разговор со Верстапен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>