Возачот на Ферари, Себастијан , кој овогодинешното првенство го заврши на второ место во конкуренција на возачи, сака лежерен зимски одмор по тешката и исцрпувачка сезона која ја имаше.

имаме некој настнаи кои следуваат, но она на што се радувам е целосно да се исклучам во текот на зимата, да бидам искрен. ми треба време за себем беше долга и тешка сезона, исцрпувачка за мене и дефинитивно ми треба празен простор. По моето минато искуство знам дека по паузата која годинава е 111 денови, ќе бидам многу, многу гладен за следната трка – појасни Себ.

Германецот, проидружуван од својот нов колега Шарл Леклер, ќе тестираат за Пирели во Абу Даби, а потоа најави дека ќе работи на реставрација на првиот свој мотор кој го купил многу одамна.

имаме тест пред нас и сеуште не е време за одмор, тест кој мислам дека е многу значаен за гумите следната година. потоа, не знам, ќе уживам дома со семејството и пријателите и ќе правам работи за кои вообичаено немам време, ќе поправам по дома, ситници.

ќе работам на моите мотори, за тоа треба многу време, бавно е. се работи за мојот прв мотор од кога имав 15 години, сеуште го реставрирам и сакам да го вратам во оригиналната состојба – најави фетел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.