Фетел: Размислува ли Макс како се брани ?

1139
   

Себастијан Фетел го обвини Макс Верстапен за нивниот судар во Јапонија во 8от круг, инцидент кој можеше и математички да стави крај на неговата надеж за 5та шампионска титула. Германецот стартуваше од 8мо место по разочарувачките квалификации, а на крајот од првиот круг веќе надомести 4 позиции, претекнувајќи 3 болиди и користејќи го сударот Верстапен – Раиконен.

Но, наместо да “се залепи“ за Макс и да чека тој да ја отслужи својата казна од 5 секунди проади сударот со Кими, Фетел сакаше да не губи време, да го мине холанѓанецот на патеката и да се пушти во борба со Мерцедес. Се обиде на кривината Спун, дојде до контакт по кој Верстапен продолжи, а Себ падна на 19то место. Инцидентот беше под истрага, но никој не доби казна.

Јасно е дека јас притискав и сакав да минам, но не дека бев очаен. Знаев дека тој доби казна, но исто така видов и дека сум многу пборз. Видов дека неговата батерија се полни на правецот, брзо го стигнував и имав одличен излез од претходната кривина. Безбедносното возило дополнително ми помогна да се доближам, видов дека остави простор, но штом виде дека напаѓам, почна да се брани.

Ја имав внатрешната линија, но штом тој го увиде тоа дека некој е блиску и паралелно со него, се обидува да ве истисне во момент кога тоа не треба да го прави.

Видете го инцидентот со Кими, беше надвор од патеката, се враќа на неа и се удира во Кими. На крајот секогаш тој е во право, а другиот е тој кој требало да се помести и да остави простор.

Сите се тркаме, трката е долга, простор за мене постоеше, во спротвно немаше ни да помислам да влезам таму. Не ни памтам колку претекнувања направив денеска без никаков проблем, некогаш бев побслиску некогаш подалеку. Нормално е некој да дојде толку блиску до вас, но секогаш треба да се остави место. Овој пат јас немав каде да одам и се допревме.

Дали некој ќе го праша него дали размислува два пати кога и како се брани?

На крајот на краиштата, сите се тркаме и ова е дел од тркањето, немој да ме сфатите погрешно затоа што не жалам за мојот потег, но јасно е дека да знаев дека ќе бида ваков исходот, ќе пробав нешто друго.

Надвор од болидот е секогаш полесно, но внатре е многу потешко, јас видов место, батеријалта му се полнеше, јас ја искористив моајта затоа што ја сочував, бев далеку побрз, го “фатив“ свиокот, бев блиску до него, бев паралелно со него и не ми даде мест поради што дојде до контакт – детално објаснува Фетел.

По инцидентот Себастијан тргна од 19то место, но трката ја заврши на 6то и дополнително заостана од 50 на 67 поени зад Луис Хамилтон на 4 трки до крајот на сезоната. Тој ги негираше скорешните шпекулации дека атмосферата во Мараело е “за никаде“ и потенцираше дека сите се врвно мотивирани.

Тешко е за сите, но јас наоѓам голема инспирација во тоа. Влегувам во гаражата и ги гледам сите момци “напалени“ и тоа многу ми помага. Не беа лесни неколку недели, но духот на тимот со оглед на тешкиот период не е скршен. Состојбата во која се наоѓаме е тешка, но немаме што да загубиме и ќе дадеме се од себе.

Сеуште има некои важни работи кои треба да ги разбереме и научиме за овој болид. Јасно е дека е тешко кгога трките не се одвиваат како што сакате, но ние даваме се од себе да останеме во борбата за титула и ќе видиме што ќе донесат следните трки. Мислам дека ова сра** не може да стане поголемо.


Фетел: Размислува ли Макс како се брани ?

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>