Себастијан откри дека неговиот пораз во борбата за титула во 2009 година болел повеќе одошто загубената битка од Луис Хамилтон сезонава.

Фетел на располагање таа 2009 година имаше екстремно конкурентен болид на Ред Бул со мотор на Рено, но истото се покажа недоволно за да го порази Џенсон Батон и неговиот БАР. Следните четири години германецот освојуваше титули, но нема наслов во последната турбо хибридна ера.

Иако сезонава Ферари се препороден, понекогаш имаат најдоминантен болид, но серија на грешки во вториот дел од сезоната ги уништија нивните шанси.

три пати во мојата кариера сум бил во таква позиција, оваа година, лани и во 2009 и веројатно првиот пат беше најтешко и најлошо. никогаш не знаете што носи следната година и дали повторно ќе добиете шанса да нападнете за титула. јас работам напорно и убеден сум дека ќе добијам нови шанси, но на крајот никој не може да предвиди – објасни фетел.

Германецот потенцираше дека откажувањето не е опција и дека сака титула со Ферари по секој цена.

сеуште имам незавршена работа и мисија овдека и сакам да победам, тоа не е променето. јасно е дека последната трка беше тешка да се проголта, а веројатно ќе биде тешко некое време, но никогаш нема да се откажам – заклучи себ.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.