Себастијан Фетел инсистира дека никогаш не се откажал од потерата по Луис Хамилтон во завршницата на трката во Абу Даби.

Фетел заврши на втората позиција, откако Валтери Ботас ги блокираше сопирачките во 35от круг и му овозможи на германецот да го претекне.

Но, иако имаше посвежи пневматици и повеќе од 20 кругови до крајот, Фетел не беше во можност да го предизвика Хамилтон кој беше на челната позиција. Возачот на Ферари смета дека направил се што е возможно во потерата кон Хамилтон во завршницата, но Луис едноставно имал се под контрола.

Се обидов се во последниот круг. Навистина уживав во тоа што го стигав малку по малку, но тој ја контролираше трката напред. Би сакал да бевме повеќе тркало-до-тркало, но тој е шампион и заслужува да биде шампион – вели Себастијан.

Запрашан да ја опише 2018 година севкупно, Фетел изјави дека чувствата се измешани.

Долга година, многу трки. Првите неколку трки имавме малку среќа, но потоа бевме силни, се додека не почна да ни недостасува од се по нешто.

Една работи води кон друга. Доколку ја имавме брзината, ќе почневме од друга позиција и немаше да имаме проблеми. Но ја немавме таа брзина, не доволно.

Ја изгубивме титулата пред 3 трки. Разликата е прилично голема. Мислам дека можевме да бидеме поблиску, но реално на последните трки не гледам како ќе стигневме до пол позиција, да водиме од стартот и да се тркаме на наш начин.

Трките кои ги имавме, секогаш стартувавме малку од позади, се боревме низ гридот, претекнувавме болиди и ја користевме брзината, но на крајот не бевме доволно брзи.

Честитки до Луис и Мерцедес, тие едноставно беа подобри од нас годинава.

Јас ќе се обидам, ние ќе се обидеме, целиот тим, да се вратиме посилни и да ги притиснеме повеќе следната година – додаде Фетел.

Тимскиот колега на Фетел, Кими Раиконен, се откажа од последната трка за Ферари по само 7 кругови во трката. Финецот се враќа во Заубер следната година со договор од 2 години, додека Шарл Леклер го превзема неговото место како колега на Фетел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.