И покрај грешките во последно време, Себастијан Фетел ги демантираше сите шпекулации дека е можно да замине од Маранело. Германецот беше сериозен кандидат за 5та возачка титула, но Луис Хамилтон победи на 5 од последните 6 трки и “избега“ во поредокот. Последните трки Скудерија не ги одработува како што треба, иама грешки од тимот, но и од возачите.

Нема да заминам од Ферари. Јас сум дела од екипата, сакам така и да остане и ништо друго. Имаме огромен потенцијал иако очигледно е дека последните неколку трки не минаа добро за нас со што им ја олеснивме работата на Мерцедес. Но и покрај тоа расположението во екипата е одлично – изјави Фетел за Auto Bild.

Пеховите за Ферари само се нижат, но и покрај се тој верува дека сеуште има шанса за титула, иако таа шанса е математичка затоа што Хамилтон води 67 поени, а до крајот на сезоната има за освојување уште максимум 100.

Секако дека сите знаат оти во моментов е многу тешко, но што имаме да загубиме?

Ќе дадеме се од себе затоа што има важни работи кои сеуште треба да ги научиме и разбереме за болидот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.