Себастијан Фетел објасни дека перцепцијата оти Ферари имале доминантен болид во одреден дел од сезонава е целосно погрешна и смета дека никогаш немале предност во однос на Мерцедес. На последната трка во Мексико заврши и теоретската надеж за нова титула на германецот откако Луис Хамилтон со своето 4то место се закити со насловот.

На моменти сезонава “црвените“ беа побрзи од актуелните прваци, но Себ смета дека тоа воопшто не била некаква голема предност.

јас имам разлино мислење од останатите затоа што е точно дека имаме силен болид, но перцепцијата дека сме имале доминантен болид е неточна. погледнете ги резултатите, јас не гледам доминација.

во спа имавме пол позиција и победивме поради карактеристиките на патеката, ултра брзиот о’руж и слично. Јасна беше предноста на нагорнина откако лани имавме недостаток на коњски сили и поради тоа не можевме да минеме таму. годинава немавме таква негатива и морав да искористам тоа што ме повлекоа на правецот и да минам. но, потоа, луис цело време беше 1, 2, 3 секунди за мене, имаше исти ритам и возевме во иста десетинка, но потоа се откажа и поради тоа бобедивме со 8 секунди предност.

за мене тоа не е доминантна трка, беше блиска борба. лани тој беше прв по првио круг и не можев да направам ништо затоа што имавме исти ритам и поради тоа завршив на второ место – смета Фетел.

Германецот смета дека имало повеќе трки каде Мерцедес имале предност во однос на нив.

имаше многу трки каде бевме изедначени со одличен ритам на трка, но не мислам дека имаше трка каде бевме доминантни, додека за разлика од нас, во шпанија, франција или русија тие доминираа.

не ме сфаќајте погрешно, не велам дека немав добар болид, тоа е сосема погрешно затоа што знам дека пакетот беше силен, но не ја разбирам перцепцијата на луѓето дека сме имале доминантен болид.

Иако многумина сметаат дека Себастијан ја загуби титулата поради своите грешки и грешките на екипата, тој смета дека насловот бил загубен со брзината на “сребрените“ во Сингапур и Русија.

на тие трки не бевме доволно брзи затоа што на крајот на денот за титула ви треба брзина. и лани и годинава велевме дека едно нешто што го одлучува шампионатот е брзината.

лани бевме добри до средина од првенството, а потоа некои патеки не ни одговараа, не завшривме неколку трки и загубивме форма. годинава загубивме форма поради тоа што не бевме доволно брзи.

годинава на некој начин беше слично, немавме ритам на некои трки споредено со мерцедес. тие победуваа на трка што е нивна силна страна, да земаат поени и кога не се најдобри. ние не знаевме да го направиме тоа и на 2-3 трки имавме пад во формата и се направи голема разлика.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.