Фетел: Не сме загубени и покрај поразите

328
   

Себастијан Фетел смета дека Ферари не се загубени во однос на својот болид и покрај тоа што загубија неколку трки од Мерцедес. На последните некоклу трки, поточно во Сингапур и Сочи, Мерцедес има значително подобар ритам, а германецот се квалификува половина секунда зад нив.

Фетел беше неприкосновен во белгиска Спа, трка која на чудење на Мерцедес ја прегази конкуренцијата и ги остави со подзинати усти.

Не сме ја загубиле насоката, мислам дека напредуваме со болидот, го одработуваме планираните чекори, а така ќе биде до крајот на сезоната. Не може во секој момент да знете до каде сте споредено со конкуренцијата, можеби тие имаат направено помали или поголеми чекори, не знам.

Сигурен сум и го казжувам тоа во името на сите инженери во екипата дека сме токму таму каде што сакавме и планираме да бидеме. Секако дека знаеме дека можеме да сме и подобри, да имаме повеќе перформанси, но така е секогаш кај сите – смета Фетел.

Германецот не е зачуден од скорешните перформанси на ривалите од Мерцедес и верува дека предноста на нивниот болид од почетокот на сезоната повеќе ја нема.

Повеќе пати е кажано дека имаме посилен болид, но не верувам дека имавме доминантен болид во било кој дел од сезоната. Блиску сме едни со други, имаше трки кои ги добивме, а имаше и трки на кои доста заостанувавме.

Трка како минатата Недела во Русија и начинот на кој можеше да се заврши за нас, обично значи дека тие имаат подобар ритам, но има и трки каде немаме доволен ритам, а победуваме – објасни Себ.

Фетел во моментов заостанува 50 поени зад Хамилтон, тоа значи две победи за него, а две незавршени трки за Луис и ќе бидат “егал“. Сепак, тој нема се или ништо пристап на Јапонското Гранд При.

Не ми се допаѓа “сега или никогаш“ пристапот и не гледам многу логика во такво нешто. Пред 5-6 трки не знаев каква ќе биде ситуацијата сега, а сега не знам каква ќе биде ситуацијата на крајот, така што нема смисла да се брои.

Напаѓаме секој викенд, секогаш е различно, патеката е различна и условите се различни, а јас сум само среќен што имам шанса да се борам.

Ми се допаѓа Јапонија, омилен ми е во календарот така што подобро  да почнам да уживам наместо да ја расипувам со броење кое ќе ме дефокусира.


Фетел: Не сме загубени и покрај поразите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>